Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека тој и швајцарската претседателка Виола Амхерд за неколку дена ќе одредат датум за светски мировен самит во Швајцарија, на кој треба да присуствуваат од 80 до 100 земји. Киев претходно предложи одржување на светски мировен самит, но рече дека Русија нема да биде поканета, додека официјална Москва рече дека таков самит ќе биде бесмислен без нејзино учество.

Во телевизиско интервју емитувано во саботата, Зеленски рече дека тој и швајцарскиот претседател ќе треба да се договорат за датум и потоа да испратат покани до светските лидери.

„Очекуваме да имаме од 80 до 100 земји. Ова е бројот на земји, верувам, кои ќе можат барем да се обидат да ја натераат Русија на фер мир“, рече тој.

Во интервјуто, снимено за време на посетата на регионот Черниговски, Зеленски рече дека тие сè уште немаат конкретен список на земји.

Запрашан за улогата на Турција, Зеленски рече дека е благодарен на турскиот претседател Таип Ердоган за неговата поддршка и подготвеност да посредува, истакнувајќи дека Турција има и други интереси и силни односи со Русија.

„Турција како посредник не ни е доволна“, рече Зеленски, додавајќи дека форматот на самитот ќе биде многу сложен, со оглед на многуте интереси на многуте земји вклучени на самитот, вклучително и историските и современите односи со Русија и Европа.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата