Аболицираниот криминалец Зоран Заев секогаш кога е фатен во нов грабеж исчезнува, со денови молчи за незаконското постапување, фалсификување, узурпирање на државно земјиште и изигрување на законот во случајот со објектот на Цареви Кули, изјави денеска Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев се крие во врска со најновата афера во која е вклучен заедно со неговиот долгогодишен пријател Коце Ристовски, кој фигурира како сопственик на луксузниот комплекс „Цареви Кули“. Заев молчи ама граѓаните на Струмица, но и целата македонска јавност веќе знаат дека тој го озаконил криминалот и му дозволил на својот верен пријател да легализира објект по истекувањето на законскиот рок за легализирање на дивоградби, изјави Пишев на прес-конференција во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Пишев нагласи дека Ристовски, освен што добил незаконска легализација на луксузниот комплекс Цареви Кули, тој и неговата фирма „Чамчифлик Голд“ ДООЕЛ со години, редовно добивале јавни набавки од општината и ЈП „Комуналец“ од Струмица. Се работи за јавни набавки за мермери и гранити за 300 броја споменици …
– Само со седум тендери испумпани се 700 илјади евра. Кој е бенефитот на Зоран Заев противзаконски да го легализира објектот на Коце Ристовски на Цареви Кули, а патем да му обезбеди и стотици и стотици илјади евра преку јавни набавки на својот долгогодишен пријател, рече Пишев.