Николовски: Половина од оризот е неоткупен, Груевски повторно излажа

Од:

Денеска сме на средби во Чешиново Облешево и во кочанско разговараме со оризопроизводителите околу производството и откупот на реколтата за 2015 година. Она што можеме да го забележиме тука е голема загриженост на земјоделците и на производителите на ориз затоа што половина од реколтата е откупена, но најголем дел од производителите сеуште немаат земено пари, односно истата не им е исплатена, вели Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Остатокот од оваа реколта не е откупена стои исто така во амбарите.
Државата донесе одредена одлука којашто за едни производители важи – за други не важи.

Тоа се дополнителни 3 до 5 денари по килограм арпа за оние коишто ќе го откупат, што ќе го дадат оризот само од 1-ви до 31-ви јули оваа година.

Ова е двоен аршин којшто од страна на државата се третираат земјоделците. Ова е недозволиво во една држава. Впрочем, ова е резултат на хаотичните политики и на хаотичните изјави коишто токму од овој крај во претходниот период ги дадоа заменик министерот и министерот за земјоделство.

Едниот во еден ден тврдејќи дека државата ќе го откупи оризот за стокови резерви, а за само после неколку часа, министерот даде спотивна изјава дека такво нешто не е овозможено согласно законот и за такво нешто Македонија нема обезбедено средства.

Токму овие политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ се резултат на овие хаотични изјави, контроверзни, од страна на министерот и заменик-министерот.

Но, она што како најголема одговорност овде го посочуваат земјоделците е токму ветувањето дадено од страна на екс-премиерот Никола Груевски.

Токму Никола Груевски пред неколку месеци овде ја сечеше лентата на турската компанија за којашто ветуваа дека ќе откупува 120 тони арпа на ден и дека цената на килограм арпа 25 денари, а на бел ориз 50 денари.

Но, она што можеме денес да го заклучиме дека огромен дел од производството не е откупено, за оргомен дел од откупеното уште земјоделците односно производителите ги немаат добиено своите средства.

Токму затоа ја посочуваат одговорноста кон Никола Груевски, којшто наместо во опозицијата и кај луѓето од опозицијата, треба да ја побара одговорноста и од државниот земјоделски инспекторат којшто треба да врши контрола на спроведувањето на договорите за откуп и кај инвеститорот за којшто сечеше лента.

Или пак, станува збор за инвестиција којашто е слична или иста на Сведмилк, на Субрата Рој, на Сахара Груп или на Ејплланд. Тоа се инвестициите коишто дојдоа во целиот овој период, а за коишто ветувања и сечење ленти, првенствено беше Никола Груевски.

Но, системски решенија за проблемите во земјоделството постојат. Токму затоа, повикуваме институциите да си ја вршат својата работа.

Односно, Агенцијата при Министерството за земјоделство да даде поддршка на развојот на земјоделството, да ја врши својата законска обврска, а тоа е да ја соопшти цената на трошењето на производството на оризот.

Од друга страна МЗШВ, следејќи ја преку својот систем, да ја објавува пазарната цена на оризот.

На тој начин, никој не може да ја сокрие реалната цена на оризот и на тој начин ќе може да се преземат, не паушални мерки, туку системски решенија од коишто ќе бидат задоволни земјоделците.

Токму затоа во програмата на СДСМ се ставени клучните мерки и политики коишто ќе ги имплементираме после промените.

А тоа се, поефтино производство, зелена нафта, зголемување на субвенциите 20% дополнително за секој нов хектар, интервентен фонд од неколку милиони евра којшто ќе стојат на располагање секогаш кога ќе има пореметување на понудата и побарувачката на пазарот, но и она што е клучно, извозно ориентирани субвенции преку коишто ќе ги мотивираме и ќе го поттикнеме извозот на земјоделските производи од Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

СДСМ: Пиротехниката заради која изгоре „Пулс“ била внесена преку фирма на близок на Мицкоски од Струмица

СДСМ не му се извинува на Љутков, велат ја објавиле вистината

Катерина Ѓуровски

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата