А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наумов го оттргнува вниманието од криминалот на Заев

by А1он09/07/2016 - 16:49102
Share0

ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција на прес-конференцијата на Кире Наумов од СДСМ вели дека нему му припаднала срамната задача да го оттргне вниманието од криминалот на Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

– СДСМ кој е во заложништво на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Кире Наумов во повеќе наврати и нанесоа економски штети на Република Македонија. Предизвикаа криза со која направија потенцијалните инвеститори да се чувствуваат несигурни. Ширеа лаги и невистини за наводна девалвација плашејќи ги граѓаните кои почнаа да ги повлекуваат заштедите и им нанесоа финансиска штета тешка милиони евра. Сега преку своето деструктивно однесување се обидуваат да спречат Република Македонија да дојде до финансиски средства надевајќи се дека ќе ги блокираат исплатите на плати, пензии, социјална помош или инвестирањето во нови училишта, градинки, болници и инфраструктура, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека граѓаните, а не криминалците од СДСМ се оние кои кажуваат кој има легитимитет да ја води Македонија, а кој нема легитимитет да зборува за економија.

– Граѓаните знаат дека се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Република Македонија ќе продолжи да биде меѓу најниско задолжените земји во Европа, а буџетот нема да завршува во приватни џебови туку ќе се отвораат нови работни места и ќе се реализираат илјадници проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 13:5412/05/2026 - 14:39

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:00

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Катерина Ѓуровски10/05/2026 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто