Денеска, заедно со Комисијата на СДСМ за земјоделство, шумарство и водостопанство, бевме помеѓу земјоделците и граѓаните на Долнени, сега сме во Кукуреканскиот крај, овде во Егри, а ќе посетиме и други села во околината на Битола и во Пелагонија. Она што може да го видиме и денеска од терен се катастрофалните резултати од криминалната политика на Никола Груевски во земјоделието, рече Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ.
Видовме во Долнени огромни, од вода однесена пченица, тутун, пченка и други земјоделски култури. Причините коишто доведоа до тоа се неисчистените канали и речни корита околу Долнени.
Да го потсетиме најпрво Никола Груевски, дека милиони евра, пари на граѓаните се потрошија за чистење на речни канали. Но, да го потсетиме и на Извештајот на Државниот завод за ревизија од оваа година којшто точно констатира дека милиони евра се исплатени за фирми кои наводно чистеле канали но за тоа не постојат записници.
Ова е една од причините за огромните штети кај овие луѓе, земјоделци.
Исто така го гледаме и отуството на грижа, ја гледаме негрижата на власта за овие луѓе и нивните поплавени домови и уништени илјадници хектари. Ги нема централните власти но ги нема ниту локалните власти, Советот, градоначалникот, да се погрижат и да помогнат на овие луѓе.
Апелираме, прво на МЗШВ веднаш да се направат проценките на штетите и веднаш да се обештетат овие луѓе.
Во Битолско сведоци сме на огромни незадоволство на земјоделците и производителите на пченица од цената на пченицата, којашто е многу ниска, оваа година е 8 денари или помала од 8 денари.
Со оваа цена не може да се покријат ниту производните трошоци на земјоделците. Тоа е една голема неправда, мака пред којашто се испратени а државата, институциите, ги нема.
Има неколку причини за тоа што го констатираме дека институциите не постојат кога се во прашење земјоделците. Ниту се знае производната цена, ниту се знае пазарнатра цена. Тоа е обврска на институциите, на Агенцијата којашто е со седиште во Битола, за поддршка на развојот на земјоделието. Нејзина обврска е да ги дефинира, преку нејзиниот систем, трошоците и цената на чинење на пченицата. Иако имаат обврска тоа не се прави.
Исто така МЗШВ преку воспоставениот единствен систем на замјишна политика има обврска да ја дефинира пазарната цена.
Ниту пазарната ниту производствената цена државата не ги утврдува. Не ја знаеме а не ја знаат ниту земјоделците. Токму затоа се изложени на вакви притисоци и злоупотреби.
Нашиот став е јасен дека овие институции мора да функционираат. Мора да функционира државниот инспекторат којшто мора да врши контрола како се врши откупот.
Доколку функционираат институциите на системот тогаш ќе имаме стабилни цени од коишто ќе бидат задоволни земјоделците и со влијание на државата ќе може да имаат цена којашто е над производната. Односно, ќе имаат заработувачка за којашто се борат.
Огромно е незадоволството и сточарите. Деновиве коси и болеста јазлеста кожа а од страна на надлежните и државата, АХВ, се прават огромни пропусти, огромни грешки коишто ги констатиравме.
Апелираме, ако има пари за барокни фасади, ако има уште пари за споменици, тогаш мора веднаш сточарите да бидат исплатени. Нема ниту еден сточат којшто досега има добиено пари за своите говеда коишто му се уништени како резултат на ширењето на оваа болест. Болеста се шири поради нефункционирање на системот, на институциите, поради некадарност и нестручност на институциите.
Сточарите се незадоволни и од ниската откупна цена на млекото којшто оваа година е рекордно ниска и не ги задоволува потребите на сточарите.
СДСМ постојано ќе биде помеѓу земјоделците. Институраме на функционирање и демократизирање односно нормализирање на институциите чијашто обврска е да ги штитат пред се земјоделците.
Нашите мерки се зголемување на субвенциите. За секој нов хектар дополнителни субвенции. Интервентен фонд од 3 милиони евра којшто е дел од нашата Програма а чија што цел е во вакви ситуации да помогне во стабилизирање на цените на пазарот, кога има пореметување на понудата и побарувачката.
Веднаш треба да се обезбедат пари за обештетување на сточарите и за сите луѓе од Долнени, за штетите што настанаа. Но и државата да влијае преку системски мерки на стабилизирање на понудата и побарувачката се со цел да имаат земјоделците достоинствен живот.