Мирчевски: Одговорност за негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за Дојранско езеро и здравјето на граѓаните

Од:

Состојбата со којашто се соочуваат жителите на Дојран, но и пошироко на Р Македонија, а се однесува на загаденоста Дојранското езеро е резултат на неодговорност на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Дојранското езеро е загадено поради неодговорност на општината и градоначалникот и нивната негрижа за здравјето на луѓето и за животната средина, рече Пеце Мирчевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Поради загадување на водата во езерото над дозволеното, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат издадена е забрана за капење и затворени се четири, односно половина од плажите.

Но, езерото нема преградни ѕидови, па загадувањето ќе се шири, заканувајќи се со целосно уништување на животинскиот и растителен свет.

Во водата во Дојранското Езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија кои што ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во кој било воден екосистем во земјата- покажува извештајот на РЕЦ.

Ова, не е ништо друго туку резултат на директно испуштање на фекалните отпадни води во езерото, без претходен третман.

Оттука, се поставуваат неколку прашања:

Прво: Зошто и покрај постоењето на колекторски систем и пречистителна станица во Дојран, надлежните на чело со градоначалникот дозволија до овој степен да се загрози здравјето на граѓаните и да се загади животната средина?

Второ: Дали и кој врши контрола на водата која излегува од пречистителната станици?
Зошто, ако се добиени резултати дека истата не е доволно пречистена , никој навреме не алармирал и не се зафатил со решавање на проблемот?

Трето: Зошто на листата на приоритети на општината и градоначалникот не се наоѓа заштитата на животната средина и здравјето на луѓето?
Во екот на летната сезона, кога жителите на Дојран се понадеваа на прилив на туристи, излезе на виделина недомаќинското и неодговорно работење на оваа криминална власт.

Ова што сега му се случува на Дојран и на езерото се заканува неповратно да го избрише од туристичката мапа на Македонија, а со тоа да предизвика немерливи економски последици.

Затоа, апелираме да се преземат најитни мерки за санација и ревитализација на пречистителната станица и доизградба на канализационата мрежа.

Не може Владата да има пари за барок и споменици во Скопје, а да не најде пари и за пречистителната станица и фекална канализација во Дојран.
Впрочем, тие се и поголем приоритет.

Со здравјето на луѓето и за животната средина не се прават компромиси.

Го повикуваме градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да поднесе оставка.

Институциите без одлагање да започнат со санирање на состојбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски