Потпишан Меморандум за проект за развој на социјално претприемништво

Од:

Зголемување на можностите за вработување и социјално вклучување на маргинализираните групи и долгорочно невработените лица има за цел проектот кој треба да почне да се реализира по денешното потпишување на Меморандум за соработка помеѓу министерот за труд и социјална политика и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон.

Проектот требa да овозможи да се создаде правна рамка која би ја регулирала оваа сфера во општеството, со оглед на тоа што во Македонија не постои специфична правна рамка за социјалното претприемништво, а постоечката регулатива уредува некои организациски форми кои можат да се сметаат како социјални претпријатија.

– Затоа неопходно е да се создаде конзистентна рамка за развој на социјалните претпријатија. Преку развојот на социјалното претприемништво ќе се отворат можностите за решавање на социјалните проблеми, за зголемување на вработувањето и за економскиот развој, истакна по потпишувањето на Меморандумот министерот Ристовски.

Тој очекува со имплементацијата на проектот да се овозможи поширока јавна дебата на сите засегнати страни во општеството и заедно со направени анализи и истражувања да ги утврди начините и потребите за развој на овој сектор.

– Нашето заедничко делување насочено кон развојот на социјалното претприемништво треба да придонесе кон зајакнување солидарноста во општеството и кохезијата на различните ризични групи, обезбедување дополнителен опфат на социјалните сервиси и услуги, развој на нови можности за вработување, и нови работни места, истакна Ристовски.

Британскиот амбасадор во Македонија смета дека социјалното претприемништво во зекоја земја е од исклучително значење. Концептот, рече, е многу едноставен – водите фирма за социјално добро и добивката од тоа повторно ја инвестирате за социјално добро.

– Ефектите од тоа можат да бидат огромни. Не само што обезбедувате социјално добро, туку и созадавате можности за вработување, а може да ја стимулирате и економијата, рече Ивон.

Тој истакна дека во Велика Бриранија егзистираат околу 70 илјади вакви претпријатија, кои генерираат околу 800 илјади работни места и околу 24 милијарди фунти.

Проектот ќе се спроведува преку Центарот за институционален развој ЦИРА.

Би можело да ве интересира

Доделени наградите за филантропија ОКО

Ана Ололовска

Доделување награди за филантропија

Ана Ололовска

Доделени наградите ОКО за филантропија за 2016 година

Ана Ололовска

Доделување на наградите за филантропија ОКО

Наум Локоски

ЦИРа свечено ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година

Емир Латифовиќ

Промовирање филантропија во Охрид и Струга

Емир Латифовиќ