Белгиските власти и ги предадоа денеска на Франција двајцата мажи, кои се осомничени дека му помагале на главниот осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам.
Белгиското Обвинителство, кое ги идентификува двајцата како Мохамед А. и Али У. изјави дека тие им биле предадени на францусите власти согласно европската потерница, која е покрената по нив.
Париското Обвинителство соопшти дека станува збор за Мохамед Амри и Али Улкади.
Претставник на париското Обвинителство изјави дека двајцата осомничени се сослушани по нивното префрлување во Франција.
Амри е обвинет дека заминал со автомобил во Париз за да го земе Салах Абдеслам по нападите во Париз на 13 ноември, во кои беа убиени 130 лица. Улкади е обвинет дека го возел со автомоил во Брисел Абдеслам, откако тој се вратил од Париз и се криел таму.