Без опозиција Владата ќе го озакони рекламирањето

Од:

И покрај острите реакции во јавноста, и во собраниска процедура влезе Предлог закон за за информативни и рекламни кампањи на јавните институции

Владата во текстот навела дека не повлекува обврска за обезбедување средства за неговото спроведување од Буџетот на Република Македонија, иако основна цел е да се озакони можноста за јавно информирање за кампањи за чија реализација се предвидени над 100.000 ЕУР, пари од буџетот за одделни медиуми. Никому не е јасно што е со реклами помали од 100.000 ЕУР
Како објаснување се посочува дека јавните институции се должни да работат јавно и транспарентно и да ги информираат граѓаните за својата тековна работа и своите законски надлежности преку објавување на јавни соопштенија до медиумите, преку организирање на јавни настани, настапи и други некомерцијални активности, како и преку објавување на кампањи на програмата на јавниот радиодифузен сервис.

„ Со кампањата не смее да се промовираат партиски интереси, да се спомнуваат имиња на политички партии, да се користат партиски слогани или обележја. Со кампањата не смее посредно или непосредно да напаѓаат ставови, политики или активности, како и мислења на партии“, стои во предлогот.
Маркетинг агенција врз основа на комуникациската стратегија, самостојно одлучува дали и во кој обем ќе го распореди буџетот за закуп на интернет медиуми и печатени медиуми.
Власта планира итно донесување на Законот, и без опозиција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени