Жените во Македонија заработуваат 10 проценти помалку од мажите

Од:

Разликата во плати помеѓу мажите и жените со исти карактеристики за еднаква работа во Македонија е 10,3 проценти, што би значело дека на секои заработени 1.000 денари заработени од мажите, жените заработуваат 103 денари помалку.

Според податоците објавени на денешната тркалезна маса „Жените на пазарот на трудот: Стереотипи и предизвици“, во организација на FINANCE THINK, Институтот за економско истражување и политики Скопје, процентот на родовиот јаз според економските сектори и според оббразование возраст и професија се различни.

Највисок е процентот на јаз во земјоделскиот сектор, каде жените заработуваат 31 процент помалку од мажите, а најмал во финансискиот сектор каде тие имаат плати пониски само за еден отсто.

Ако се гледа образованието на работниците, највисок е јазот кај оние со основно образование, дури 24,2 проценти помали плати, а најмала во високото образование 10,1 процент. Јазот е поголем меѓу жените и маќите над 29 години 11,9 проценти, додека кај мажите и жените под 30 години тој изнесува 3,2 проценти. 

Благица Петрески од FINANCE THINK Скопје смета дека ваквите бројки упатуваат на потребата кога се говори и бори за родова еднаквост на жените да не се гледа само процентот на застапеност на одредени места и позиции или во различни тела, туку колку родовите се еднакво вреднувани за еднакво за нивните влогови што ги даваат. 

– Целта на оваа дебата не е да докажуваме кој е повреден, ниту да поставуваме натпревар меѓу мажите и жените. Целата е да се прифати дека постојат економски јазови оти жените во просек се помаклу платени од мажите, но и да поттикнеме размислување како тие да се надминат, рече Петрески.

Ваквата состојба, како што истакна Доминика Стојановска од UN women, помалку или повеќе е карактеристична за сите земји, што го покажува и последниот извештај на ОН кој се однесува на економските и социјални права на жените во минатата и оваа година.

Извештајот, додаде Стојановска ги детектира причините за тоа, а како што посочи се однесуваат на фактот дека макроекономските политики не се во насока на унапредување на овие состојби, дека жените најчесто се застапени на многу ниско платени позиции и работни места, дека извршуваат неплатена работа и оти тие најчесто се грижат за домот и семејството што ја намалува нивната можност за напредок. 

– Извештајот предгала приоритети кои треба да се земат предвид за да се направи родова еднаквост. Мора да се создаваат подобри работни места да се вклучат жените во пазарот на труд, да се емлиминиара сегрегација односно поделба на машка и женска работа или професија, мора да се обезбедни економската сигурност на жената, неплатениот труд во еден момент мора да се квантифицира, да се разгледа дали има покриеност на социјални услоги како градинки и училишта…, рече Стојановска.

Жаклина Гештаковска Алексовска од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) смета дека намалувањето на јазот во платите меѓу жените и мажите е можно со создавање на рамноправни услови за жените, но и со укажување на оние кои вработуваат што добиваат доколку на одредени позиции или работни места постават жени.

Потребно е,  рече Гештаковска Алексовска, и зголемување на самодовербата кај жената за она што може да го направи и работи и за своите можности кои се однесуваат на кариерата и работата, зашто, како што рече многу малку од нив прифакаат повисоки позиции.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски