Приведен скопјанец осомничен за набавка и продажба на хероин

Од:

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство- Скопје го предаде М.Ш.(43) од Скопје, осомничен дека неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во помали паковки со вкупна нето маса од 27,25 грама, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје.

За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, соопшти денеска МВР, судија на претходна постапка на пријавениот М.Ш. му изрече мерка -задолжително двапати во неделата да се пријавува во надлежен Суд.

Пријавениот М.Ш., во засега неутврден временски период, се појаснува во соопштението, набавил поголема количина хероин и ја препакувал во помали количини со намера да врши улична продажба на зависници од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавениот препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзела опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Од страна на полициски службеници по преземени оперативно тактички мерки и активности, на 28-ми минатиот месец во вечерните часови, се посочува во соопштението од МВР, пријавениот бил забележан во близина на УКИМ, како во грмушки покрај напуштена куќа остава едно полиетиленско кесе. Веднаш, откако го оставил кесето, полициски службеници му извршиле легитимирање и личен претрес, при што кај М.Ш. се пронајдени три паковки со хероин, кои требало да ги продаде на зависници од Скопје, по што бил приведен во полициска станица.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик