Во пресрет на Летните олимписки игри, што од 5 до 21 август, ќе се одржат во Рио де Жанеиро, во Бразил се случи голема трагедија.
Група од 28 падобранци се обидувала да ги направи петте олимписки круга во воздух, како дел од кореографијата за отворање на ЛОИ. Меѓутоа, двајца од нив, 39-годишниот Густаво Кореа Гарцез и 47-годишниот Гилхермо Бастос Падиља се судриле во воздух, по што паднале на земја. Гарцез починал по префрлањето во болница, додека заради сериозната повреда на главата Падиља починал на местото на настанот.
Бразилската полиција отвори истрага за инцидентот и ќе ја тестира опремата во која настрадале споменатите падобранци, чии делови од тела биле пронајдени на плажата Копакабана во Рио.