ТВ Нова отпушта 35 вработени, наскоро нов бран отпуштања

Од:

Возачи, новинари, сниматели, монтажери се само дел од „вишокот“ кој треба да се испразни во новата провладина телевизија, дознава А1он од извори од телевизијата. Според изворот, телевизија Нова моментално брои 160 вработени, сега брка 35 луѓе, а треба да избрка уште 15, за вкупната бројка да се намали на 110 вработени.

– Не примија за да не избркаат. Пред 5 месеци примија над 150 луѓе, за сега да ни дадат отказен рок од еден месец, вели изворот.

Тој кажува дека телевизијата решила целосно да ја укине забавната емисија „Сцена“, а како што кажа, дел од новинарите и сами напуштиле поради притисокот кој се врши врз нив.

– Еден од новинарите на пример напушти поради тоа што секојдневно му стигнуваа СМС пораки и мејлови од власта за тоа какви текстови треба да прави, рече изворот за А1он.

Бркаат луѓе со искуство, вели тој, а оставаат нови, кои имаат грб во телевизијата, а ТВ Нова им е прво работно искуство.

– Избркаа многу луѓе со поголемо искуство, а оставија некои кои не знаат да работат. Јас сум дојден од друга телевизија, каде работев долги години, а оставија некој кој дошол тука да учи, некој кој единствена работа му е да спрема опрема. Намалуваат ама не од тие што треба, туку од тие што не треба, вели изворот.

Како што дознава А1он, засега бркаат двајца монтажери, 8 новинари, од кои четворица од емисијата „Сцена“ и четворица од деск, четворица камермани, седум шофери, а на останатите се уште не им е соопштено дека наскоро нема да бидат дел од мегафонот на власта.

Телевизија Нова пред неколку месеци прими луѓе од другите телевизии нудејќи им двојно поголема плата од онаа која што ја земаа на претходните работни места, за по неколку месеци да почне да им ја намалува, а по само 5 месеци од постоењето, веќе да почне да прави „чистка“ од кадарот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Вработени во ТВ Нова со барање за стечај на телевизијата

Наум Локоски

Отворена претстечајна постапка за ТВ Нова

Ана Ололовска

Новинарите со кривична пријава против ТВ Нова

Ана Ололовска

„Веибо груп“ отпушти 85 вработени, од најавени 5.600 работни места нема ништо

Ана Ололовска