Четиригодишниот Алмир почина откако намерно беше прегазен

Од:

Четиригодишниот Алмир, кој минатата недела заедно со неговата мајка и татко намерно беше прегазен им подлегна на повредите.

Убиството се случи откако родителите со Алмир, чекале ред во амбулантата, и во еден момент одлучиле да пуштат друг човек пред нив, поради тоа што бил итен случај. Таквата одлука предизвикала револт кај сега притворениот Кумановец кој чекал за прием , по што започнала кавга.

Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа со умисла ги прегазил, при што најтешко беше повредено четирогодишното дете.

Токму кумановското обвинителство на Кумновецот веднаш по инцидентот му одреди притвор од 30 дена и нагласи дека тој ќе одговара за обид за убиство.

“Притворениот додека чекал ред со неговата девојка во Здравствениот дом – Куманово почнал расправија со друго лице поради непочитување на редот за прием во амбулантата. Во текот на расправијата таткото му се заканил на осомничениот, а при излезот од болницата тој бил нападнат од три други лица кои започнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил.

Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка „мерцедес“ се обидел да го прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето“, стои во соопштението на кумановското обвинителство.

Со оглед дека четиригодишниот Алмир почина како последица на намерното прегазување, делото од “обид за убиство“ најверојатно ќе мора да се преквалификува во “убиство со умисла“

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра