Блажески: Младост никој не победил!

Од:

Дејан Блажески, опозицискиот советник, пишува за вчерашните кримнални студентски избори. Прашува: Kаква одбрана за молкот ќе имаме ние возрасните?

Eве го ставот на Блажески:

Студентите треба веднаш да го бојкотираат образовниот процес, да не се појавуваат на испитните сесии, да престанат да ги уплаќаат редовните давачки кон факултетите и да испратат порака до професорите со цел да им се приклучат.

Доколку бидат одбиени, треба да застанат и против оние кои го одржувааат образовниот процес во живот.

Бидејќи што можат да научат младите потенцијалните правници од професори по правни науки кои го поддржуваат вчерашниот изборен процес?Што можат да научат потенцијалните лекари од професори на медицински науки кои учествуваат во смрт(онос)ните политики од власта? Што можат да научат младите економисти од професорите по економски науки кои го поддржуваат банкротот на земјава? Што можат да научат потенцијалните архитекти од професори по архитектура кои цртааат и рушат во служба на режимот?

Читам, пишувате :

“Професори, вчера ги тепаа вашите деца”. Не бре, што не јасно?! Она вчеравечер беше младината на Македонија, а таа е не е ничија сопственост-ниту на родител ниту на професор.

Ова не се наши деца, ова е семката на промените, на победливоста, на државотворноста. Колку ја удираш таа е поубава.

Младост никој не победил. Никој!

Оние кои грабаа кутии не се младост, тоа е подаништво. Знам дека секое ткиво има и лоши клетки, нешто што го олеснува разликувањето. Само, каква одбрана за молкот ќе имаме ние возрасните? Каква?

Би можело да ве интересира

Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: Барам јавно извинување за ставање на моето име во погрешен контекст

Наум Локоски

Блажески: Природните непогоди не се место за политички популизам

Наум Локоски

Блажески: Некадри пишувачи за еден пијалок, арам нека ви се парите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: Сакате Рената Дескоска да дојде и да ви ги реши имотно-правните односи?

Наум Локоски

(ВИДЕО) Блажески: Мијалков бараше 10.000 евра за клевета, локалните функционери го следат примерот

А1он

Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: „Ново-старо“ раководство и невиден политички аматеризам

Ана Ололовска