(ВИДЕО) Студентски пленум повикува на масовен протест пред СПУКМ

Од:

Студентскиот пленум во 17 часот ќе протестира пред седиштето на Студентскиот парламент при УКИМ, најави Ивана Туфегџиќ.

Во име на Студентскиот пленум, таа побара Универзитетот веднаш да го осуди ова насилство и да ги исклучи од органите и телата на управување на УКИМ сите претставницни од Студентскиот парламент. Воедно, вели Туфегџиќ, ние ќе покренеме дисциплински постапки против сите студенти кои се евидентирани на матичните факултети како вршат насилство.

– Бараме Универзитетот да не го признае оној срамен и фалсификуван резултат на студентските избори и да застане на страната на студентите. Безбедноста на студентите вчера и во рамките на кампусот и овде со присуството на ЕБР и нивната примена на сила врз нас е кулминација на однесувањето на насилство и Универзитетот не смее да го премолчи тоа. Воедно, бараме од Давор кој што се самопрогласува за победник да ги поништи изборите и да не потпишува никаков документ, во спротивно ќе најдеме основ, а има основи прилично за кривична одговорност, вели Туфегџиќ.

Таа истакна дека доколку не се исполнат нивните барања, ќе ја опструираат работата на Студентскиот парламент и нема да ја признаваат одлуката на органите и телата при УКИМ, а радикални чекори најави за почетокот на академската година.

– Воедно, бараме од Министерството за внатрешни работи веднаш да излезе и да и соопшти на Македонската јавност кој беше правниот основ за влез и интервенција на специјална единица за избори на невладина организација, кој ја издаде наредбата, сите полициски службеници кои што се однесуваа грубо, кои што не пцуеа, на навредуваа да бидат најдени од оние снимки кои што ги поседува МВР и веднаш да се покрене против нив дисциплинска постапка, во спротивно ние сите засебно ќе поднесуваме кривични пријави против министерот, командирот и секој оној кој што ставил потпис на вчерашната полициска операција, рече Туфегџиќ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски