Ова се членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кои ги одзедоа на сила кутиите со гласови за студентски лидер

Од:

Скандалозно, претставници на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ ги организираа и ги одзедоа гласачите кутии кои беа носени со приватни автомобили.

Целта на ваквото насилно и недемократск однесување е со сила да се прогласи партиски студентски лидер кој нема ниту пет проценти поддршка од студентите, но и да се сокрие фактот дека во кутиите имаше помеѓу десет и дваесет листви, односно само толку го поддржаа изборот.

Во акцијата на изнесување на кутии учествуваа Орце Георгиевски, координатор на 4. И.Е. на УМС од Велес, потоа Петар Миовски, претседател на УМС Аеродром кој го избриша веднаш фејбук профилот.

36494_520898937934858_1442934260_n

Тука се и Маријан Стефановски од УМС Битола, Игор Петковски и Христијан Лазаровски, исто од УМС ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

13502578_10154343780404726_2043839012854291269_o

Во групата се и “Кинезот“ од Битола, вработен во Водовод, како и Александар Марковски од УМС Куманово.

Владимир Нелоски, Претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ на говорот по повод прославата 25 години од УМС кажа дека УМС гради, а не урива:

“Махатма Ганди рекол „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“. Јас би рекол: Биди промената што сакаш да ја видиш во нашата држава. Биди УМС“

Од оваа преполна сала младите порачуваат „Не сме наивни“. Младите ќе го зададат последниот удар на изборите, оние избори кои СДСМ кога тогаш мора да ги прифати, а младите во Македонија ќе ја направат најголемата разлика, рече Нелоски.

Би можело да ве интересира

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање