Четворицата претставници од Студентскиот пленум ја напуштија сеницата на Ректоратот откако им ги исклучија микрофоните во моментот кога се побунија за одлуката на Комисијата за верификација на Сенатот да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ.
Пленумците претходно ја спореа одлуката на Комисијата преку дебата со ректорот Велимир Стојковски, кој пак тврди дек нема законски надлежности да интервенира во изборот за студентски претставници.
Откако пленумците излегоа, седницата продолжи без нив.