А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата да ја обнови Стратегијата за управување со јавниот долг

by А1он18/11/2012 - 15:00129
Share0

„Според досега расположливите информации, во период од само три години, во 2015, 2016 и 2017-та година заедно, ќе мора да вратиме долг кон странство поголем од една милијарда евра. Овој податок го имаше во документ што се вика Стратегија за управување со јавниот долг. Последната ваква Стратегија е објавена пред 2,5 години, во март 2010 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Оваа Стратегија за управување со јавниот долг веќе не постои како посебен документ, бидејќи требаше да стане дел од еден друг документ што се вика фискална стратегија. Последната фискална стратегија е објавена пред две години и е целосно застарена и неупотреблива. Нема нова за периодот 2012-2014 година. Ова го констатира и последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, каде што на стр.22 пишува дека и покрај постојните законски обврски фискалната стратегија и стратегијата за јавниот долг се уште не се обновени за периодот 2012-2014 година.

– Ова е сериозно прашање. Знаеме дека Владата на премиерот Груевски  со години безмилосно ги задолжува граѓаните, без притоа точно да се знае намената на тоа задолжување. Сметката за таквото задолжување неизбежно ќе дојде и тогаш ќе се види дека живеењето на кредит што го прави оваа Влада е лажно и изгледа убаво само додека дојде сметката за враќање на долговите.

– Затоа, бараме Владата на премиерот Груевски под итно да постапи согласно нејзините законски обврски и да ги обнови потребните документи за да знаат граѓаните колкав долг ќе треба да враќаме во 2014, во 2015, во 2016, во 2017 година итн. Како граѓани на оваа земја имаме право да ја знаеме сметката од владеењето на премиерот Груевски и тоа што поскоро. Да не испадне после како со долгот на државата кон фирмите, 2,5 години премиерот и министрите го криеја долгот, па после излезе дека не само што има долг туку тој е во милиони евра и ќе мора со месеци да се враќа“, изјави Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube
sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

Горан Наумовски19/05/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

Горан Наумовски19/05/2026 - 12:10

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски19/05/2026 - 10:0919/05/2026 - 10:11

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

Горан Наумовски19/05/2026 - 09:06

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Горан Наумовски18/05/2026 - 10:56

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он16/05/2026 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто