(ВИДЕО) Андоновски: Катастрофа во здравството, за 6 месеци починале дури 82 новороденчиња

Од:

Денес, во време кога граѓаните се иселуваат масовно од нашата земја, а со тоа ни се намалува и бројот на населението, Македонија се уште не може да ги заштити и зачува идните поколенија. Најфрапантни, грозоморни последици од криминалните политики и популистичкиот пристап на оваа ненародна власт е губењето на животите на новороденчињата, вели Ангелчо Андоновски, Комисија за здравство на СДСМ.

Во изминатите 6 месеци од оваа година починале дури 82 новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Алармантна е состојбата!

Само во последните 2 недели починале 20 новороденчиња. Што е катастрофа за еден здравствен систем, за една држава, за нејзината иднина!

Минстерот за здравство, кој го доби епитетот министер-смрт, лажно го фали здравството дека цвета, всушност здравството пропаѓа а со тоа и здравјето на нашата популација тоне и е во тотален колапс.

Бројката на починати новороденчиња е аларманта, новороденчињата во Република Македонија починуваат масовно.

Министерот-смрт треба да излезе пред граѓаните со официјалната бројка којашто е должен да ја достави и до СЗО, но и пред сопствениот народ. Да каже отворено колку чинат животите на нашите малечки душички!

Министре, Вие сте одговорни заради оваа грозоморна состојба. Вие сте одговорни и за лошата организација на здравствениот систем и конечно Вие сте одговорни за нестручноста на вашиот партизиран кадар.

Запрепастувачката бројка од која се фрапирани дури и Вашите верни подржувачи се должи на Вашата неспособност, вашиот партизиран кадар, нефункционалниот систем, недоволниот број на доктори и некористењето на модернистички методи.

Подучени од околните европски држави каде министрите за здравство даваат оставка само поради тоа што отишле преку ред за оперативен зафат, Тодоров мора да замине веднаш! Вакви здравствени катастрофи недозволиво е да се случуваат!

По демократските промени, новата демократска влада на СДСМ ќе го департизира здравството.

Вистинските професионалци, најсилниот докторски потенцијал и целокупната системска поставеност ќе ја насочи кон тоа новороденчињата да добијат врвна здравствена заштита.

Новата одговорна Влада на СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство и ќе се грижи за здравјето на новороденчињата и животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат