СДСМ Струмица: Пишев, колку зема „Тритерол“ за превоз во Штип?

Од:

Како стара расипана громофонска плоча, Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ повторува само едни исти лаги. Се обидуваат со лаги да ги покријат сопствените криминали валканици на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години. ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Пишев, веќе одамна се прочитани од народот, како првооделенски „Буквар“. Граѓаните со право се прашуваат: „Како не им збоктиса од толку лажење“, реагира Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

– Која е вистината, наспроти бесмислените лаги на Пишев: Од вкупно 38 линии кои биле предмет на тендерска постапка за превоз на ученици, фирмата „Тритерол“ има добиено 8 линии. Ќе повторам: 8 линии. Останатите 30 линии ги имаат добиено други економски оператори. Значи се е јасно, нема никакво фаворизирање на операторот „Тритерол“ како што лаже Пишев. Ако ги споредиме цените за превоз во општина Струмица и општина Штип, раководена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ се разобличува уште една измислица на очајниот Пишев. На линијата Струмица-Чанаклија со должина од 50 км, цената по ученик е 65 денари, а не како што безобразно лаже Пишев дека е 120 денари – вели тој.

Костадинов посочува што се случува во Штип за истата таа километража на релација Свети Николе –Штип.

– За превоз на ученици во општина Штип, истата таа фирма, „Тритерол“, има добиено тендер за превоз на ученици по цена од 129 денари по ученик од општина Штип. За 50 километри превоз по ученик, градоначалникот на Штип плаќа 129 денари на фирмата Тритерол, а за 50 км во општина Струмица се плаќа речисни двојно помалку, односно 65 денари по ученик. Значи ли тоа, дека градоначалникот на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ е поголем клан со фирмата „Тритерол“? Повеќе од очигледно е дека луѓето од ВМРО-ДПМНЕ како Пишев, не само што немаат ниту чувство, ниту мерка во извртувањето на вистината, туку, откако им се откриени криминалите од нивното владеење, во соработка со своите медиумски курири, ја засилуваат срамната пропаганда. Обрачот околу криминалната банда на власт се стега се повеќе и повеќе. Ова се нивните последни обиди, да спасат нешто што не може да се спаси. Но нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво. Правда ќе има, секој што го прекрши законот ќе одговара – рече тој.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски