Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром по двете победи во низа во АБА лигата, синоќа на гостувањето во Александровац (БиХ) кај Игокеа претрпе убедлив пораз со резултат 79:55. По четвртини 23:14; 18:14; 16:9 и 22:18.
Ѓорѓи Чековски и Дамјан Стојановски со по 14 поени беа најефикасни играчи кај македонскиот претставник во ова натпреварување.
Во другите вчерашни дуели од 9.коло во АБА лигата постигнати се следниве резултати: Сплит – Цибона 72:62, Раднички – Широки 73:59 и Будуќност – Задар 76-60.
Денес играат: Црвена Ѕвезда – Крка, Цедевита – Шолнок и Олимпија – Партизан.
Табела: Игокеа 7-2 (победи-порази), Партизан 6-2, Цедевита 5-3, Будуќност 5-4, Радничи 5-4, Црвена Ѕвезда 4-4, Унион Олимпија 4-4, Крка 4-4, Цибона 4-5, Сплит 4-5, МЗТ Скопје 4-5, Широки 3-6, Задар 3-6, Шолнок 2-6.