Промовирана новата машина со кранска рака

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ денеска присуствуваа на промоцијата на новата машина со кранска рака на која може да се монтираат повеќе додатоци за кроење и кастрење грмушки и дрвја што ќе се користи за уредување на дрворедите на булеварите, во парковите и на други јавни површини.

– Градот Скопје ја набави новата машина со кранска рака за потребите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Возилото-трактор е машина со кранска рака на која ќе може да се монтираат додатни елементи и ќе се користи за реализирање на работните активности на ова јавно претпријатие, истакна градоначалникот Трајановски.

На кранската рака, додаде, може да се монтираат елементи за кроење и кастрење грмушки и дрвја, косилка за косење нерамни зелени површини (кејови обраснати со трева, косини и тешкопристапни делови од зелените површини), странична четка (за чистење израстоци на трева од надворешната страна на жардиниерите на булеварите, рабниците, патеките во парковите и сл.), елемент за чистење канали од наноси од земја, мил, камења и трева.

– Со набавката на вакви машини го осовременуваме ЈП „Паркови и зеленило“ што ќе им овозможи на вработените адекватно, стручно и професионално да ги извршуваат работните активности, истакна Трајановски.

За набавката на оваа машина Градот Скопје потроши околу 6,7 милиони денари, средства обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он