Ако сте тажни, не грижете се, две огромни темни очи кои ве гледаат ќе ви пружат утеха. Ако ви е потребна прегратка, неговите силни раце ќе ве стиснат и ќе ја потпрат главата на вашето рамо. Замислете исто така дека секоја вечер дома доаѓа точно на време, а може и да ви пее ако сте осамени. На крај само ќе ве праша: Дали ви треба нешто?
Изгледа невозможно, но сепак станува реалнсот.
Имено, сето ова го овозможува роботот Пепер, кој целосно е социјализиран. Роботот го креирал францускиот претприемач Бруно Месоњера, кој во 2005 година заедно со група експерти основал компанија под името „Алдебаран“ со единственба цел – да создадат нов вид на робот за подобрување на човековиот живот.
Компанијата работи со над 1.300 подружници и партнери во светот и како горд „родител‟ го произведе роботот Пепер, кој ги разбира и реагира на човековите емоции.
Како ваш приватен верен придружник, тој чини 10.000 евра, а ако ви треба како „посложен работник‟ цената му е околу 20.000 евра.
Наскоро ќе биде лансиран во цела Европа, а Пепер пред себе ќе има таблет кој ќе му служи како срце. На телото има три точки, што значи дека може да се движи во сите правци и да избегнува напади од други луѓе со помош на ласери. Тој ги разбира гласовните команди,, но и реагира на чувствителни допири. Ако го замолите да ви налее чаша вино, тој ќе го направи тоа.
Пепер ќе ви се извини ако се врати дома тажен, лут и уморен. Комплексниот софтвер за препознавање на лица значи дека може да го препознае вашето расположение, гласот, изразот, ставот и јазикот, па така по потреба ќе биде оптимист и позитивен.