Сугарески: Иванов е заложник на фамилијата и најдобро е да поднесе оставка

Од:

Ѓорге Иванов на 1-ти април потпиша еден акт којшто по сите истражувања кои се извршени од било која компаративна анализа во светот и во Европа ваков чин како акт за аболиција не постои.

Замислете човекот кој беше осуден од македонската јавност после 45 дена даде изјава дека не се кае воопшто дека потпишал акт за аболиција и дека доколку е потребно повторно истото ќе го направи.

Иванов направи невиден гаф.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ после донесувањето на актот за аболиција, беше дека таа била законска, но ВМРО-ДПМНЕ се спротивствавува на неа. И тогаш господинот Иванов јавно побара од функционери да се произнесат луѓето кои што требале да бараат од него да се симне аболицијата.

Ова што се случи во Република Македонија е чиста нарачка на Никола Груевски и фамилијата, Иванов преку ноќ да потпише аболиција со која што ќе бидат спасени и од затвор и од кривично правен прогон. И од тоа бегање нема.

Низ прес конференции ваши зборувате дека СДСМ преку изјави вршела притисок на Основниот суд, на Кривичен суд, Апелација. Јас не знам дали некој во таа работа ви верува.

Талески е пуштен низ вода. Тој е завршена работа, само не знам дали некој ќе му каже.

Ѓорге Иванов од 2009 година е заложник на двајца луѓе од фамилијата коишто треба да ги спасува кога имаат направено најголем криминал.

Иванов требаше да поднесе оставка., рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Р.Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски