Влезовите на дел од подземните железнички станици во Брисел утрово одново се целосно затворени, по налог на белгиската полиција, соопштија градските власти.
Превозот на патниците во метрото сега е ограничен на минимален број влезно-излезни точки. Движењето на возовите не е попрелено од овие безбедносни мерки, посочуваат белгиските медиуми.
Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина.
Како што јави БТА, бриселските власти повторно пристапуваат кон ваква мерка поради информации за нови терористички напади во Белгија.