Според неофицијални информации на хрватскиот портал “Слободна Далмација“ хулиганите кои го прекинаа мечот на Хрватска со Чешка, не биле Хрвати, туку Срби.
Слободна Далмација посочува дека тие се уапсени за нередите и прекинот на стадионот во Сент Етјен и се наоѓаат во Франција, како и дека против нив е поккрената кривична постапка.
Некои од споменатите престапници успеале да набават дресови на хрватската репрезентација и да предизвикаат прекин на натпреварот, кој хрватската репрезентација може да ја чини и суспензија од шампионатот во претстоечките квалификации. Порталот наведува дека тие што не набавиле хрватски дресови, влегле на стадионот во цивилка.
-Дека се работи навистина за увезени навивачи можеше да се наслути од рекацијата на хрватските навивачи, кои по фрлањето на факелите на терен се судрија со предизвикувачите на нередот, пишува порталот “Слободна Далмација“.
По прекинот на натпреварот Чешка го изедначи резултатот, а за Хрватите освен што изгубија два бода, дополнителен проблем е и втората дисциплинска постапка која ја покрена УЕФА.