Зовриваат односите помеѓу Србија и Хрватска, но расте и отпорот кај Србите кон Европската Унија и НАТО.
По вечрашната пресуда за хрватските генерали, се погласни се извиците Србија да стави точка на патот кон ЕУ, и конечно да се сврти кон друг геополитички партнер, односно Русија.
Испад имаше и на натпреварот на фудбалскиот клуб Рад против хрватскиот Хајдук во Белград.
Навивачите на дуелот освен што го палеа хрватското знаме, истакнаа и голем транспарент на кој пишуваше:„Спремте се спремте Четници“.
Денеска стигна и одговор на хрватаскиот предлог првиот удар со топката на натпреварот Хрвтаска-Србија на 22 март да го има генералот Анте Готовина, односно да генералите да бидат специјални гости.
Од Фудбалскиот Сојуз на Србија предупредија да не провоцираат и да не го мешаат спортот со политиката.
На протестите пак на движењето Двери пред седиштето на ЕУ во Белград беше упатен повик персоналот на хашкиот суд да се прогласат за „персона нон грата“ , да се протераат од Србија, како и да се прекинат сите преговори со ЕУ.