Во своето обраќање на третиот инвестициски форум, организран од Агенцијата за развој и инвестиции албанскиот премиер Сали Бериша истакна дека Албанија успеала да го задржи економскиот раст и покрај економската криза во Европа.
„Во последните четири години имаме највисок економски раст, споредено со земјите од регионот, а зголемени се и странските инвестиции, а тоа благодарение на моделот кој го спроведуваме, базиран на ниски такси“ – рече Бериша и додаде дека албанската влада „е убедена дека најдобар начин за да се надмине кризата е поддршката на бизнисот“.
Странските инвестици во Албанија се четирипати поголеми во споредба со останатите земји, истакна тој, потенцирајќи го успехот во туризмот и зголемувањето дури до 13 пати повеќе на бројот туристи кои ја посетиле Албанија.
Премиерот се пофали со планините на својата земја кои ги споредуваат со Хималаите. Инвеститорите кои ќе вложат во планинските зони во Албанија ќе бидат ослободени од давачки осум години, вети тој.