Герила акција: Огромно знаме „Опасно по живот“ во Велес

Од:

Знаме со големи димензии на кое е нацртан знакот за „Опасно по живот“ е поставено на ридот зад велешката Топилница, оддалечен на 3 км од центарот на градот.

Оваа акција го искажува револтот од односот на Министерството за eкологија и Општина Велес, од одолговлекувањето процес на расчистување на отровниот рид со троската во Велес.

– Иако троската доби концесионер пред четири месеци, се уште нема конкретни активности на посочената локација. Ова е резултат на три децениската работа на Топилницата. Овој рид за екологистите и стручните лица, беше извор на загадување на градот и покрај неработењето на Топилницата, оти во него има тешки метали, кои се штетни по здравјето.
Депонијата со згура близу Велес е една од црните еколошки точки во Македонија. Според стручните проценки таа е тешка 1,7 милиони тони, и во неа има 8 отсто цинк, еден отсто олово, како и кадмиум, што овозможува економска експлоатација, велат актвистите од Велес.

Целта на акцијата е да се апелира да се отстранат штетните влијанија од депонијата со згура, која со години им создава здравствени проблеми на жителите на Велес.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ