Никола, ние младите ќе ти го зададеме последниот удар. Нема да дозволиме да ставате свои полтрони за лидери на студентските организации. Студентите заслужуваат независни претставници, кои ќе алармираат за проблемите, а нема да молчат додека младите се на улица и се борат за своите права. Нелегитимниот претседател на СПУКМ молчи кога студентите протестираат и се борат за своите права, молчи кога студентите јавно говорат за проблемите. Нема да помине обидот и овој пат СПУКМ да го претворите во ваш месен комитет!