ДОМ: Поддршка за зелен Карпош – да не се бетонира Скопје!

Од:

ДОМ го поддржува денешниот марш за зелен Карпош, организиран од граѓаните кои си го бранат зеленилото, воздухот и здравјето. Еколошката свест кај граѓаните созреа, сега е време да се подигне свеста и кај сите политичари. Велиме сите, зашто здравата животна средина треба да биде заедничка грижа на сите политичари, независно од идеологија, стои во соопштението на партијата.

„Сите политичари треба да разберат дека урбаните граѓани во Македонија веќе не се импресионираат од градби и од бетонирање на нивната околина. Тие бараат подобар квалитет на живот, бараат допир со природата во своето секојдневие, бараат зеленило и чист воздух!

Треба да се смени мајндсетот на македонските политичари и да не излегуваат веќе со тезата: „Скопје мора да се шири!“ Напротив, Скопје не треба веќе да се шири! Граѓаните не сакаат да живеат во град како Мексико Сити, бетонски мравјалник со субурбани населби на периферијата, град кој од 3 милиони за неколку децении доби 23 милиони жители и важи за најзагаден град на светот! Скопје не треба да се угледува на јужноамериканските градови со неодржлив урбан развој, туку на европските градови, на Берлин, Утрехт, Копенхаген, Љубљана, зелени градови со хумано живеење!

Ги повикуваме сите граѓани на Скопје што се водат од европски стандарди за хумано живеење, да им дадат поддршка на своите сограѓани од Карпош“, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски