(ВИДЕО) Атанасов: Ова е последна година Груевски да се изживува со екстерното, ќе го укинеме

Од:

Оценките од небулозното екстерно тестирање не смеат да се внесуваат во свидетелствата на учениците. Тие треба да бидат поништени. Ова тестирање е погрешно и непрецизно и не може ништо да измери. Учениците и родителите се под стрес. Наставниците се понижени со одземање на правото да оценуваат. Поради нападот врз наставниците квалитетот на образованието е целосно уништен, рече претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

– СДСМ ќе го укине екстерното тестирање на првата владина седница, откако на следните фер избори ќе ја добие одговорноста од граѓаните да ја води државата. Заедно со сите засегнати субјекти ќе усогласиме образовен систем по вистински успешен европски образовен модел, применлив за нашата земја. Евалуации ќе има, но само заради стандардизирање на квалитетот на образованието од Дебар до Берово и од Гевгелија до Куманово. Без оценки, без казни и без стресови, рече Атанасов.

Тој вели дека после 5 години од воведувањето на квази проектот на оваа власт наречен екстерно тестирање, нема ниту една релевантна образовна анализа, што со него добија учениците и образованието во целост.

– Но, затоа има загрижувачки психолошки анализи. Екстерниот хир на Груевски и на изумителот Тодоров се одразил кај основците и средношколците со незапаметено висок притисок, стрес, вознемиреност, агресивност, до депресија. Секоја година прашањата и тестовите ги надминуваат претходните во својата апсурдност. Оваа година видовме и една популистичка димензија, рече Атанасов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел