Откриени 16 мигранти во возило на пат за Демир Капија

Од:

Шеснаесет мигранти синоќа се пронајдени во возило кое го управувал 35-годишен скопјанец на пат за Демир Капија.

Од 16-те мигранти, 11 биле од Авганистан од кои пет малолетни, четири лица се од Пакистан, а еден од Иран.

Мигрантите се откриени кај месноста „Арсови Лаки“ откако возачот не застанал на знак на полициските службеници во близина на селото Удово, туку ја зголемил брзината и го продолжил патот кон Демир Капија.

Возачот и мигрантите во 01:45 часот се приведени во полициската станица во Неготино за понатамошна постапка. На возачот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите