ВМРО – Народна партија ја охрабрува Владата на чело со Никола Груевски во идејата да изгради аеродром на вода во Охридското езеро. Секако дека со изградбата на овој аеродром нема да биде загрозена состојбата на Охридското езеро и нема да биде загрозена позицијата на Охрид како дел од УНЕСКО.
Според нашите проценки, на тој аеродром би имало повеќе од педесет летови дневно, а бројот на туристи би се зголемил за некаде 70%. Со изградбата на овој аеродром ќе помогнат значително да се развие туризмот во Охрид. Само, со цел овој процес, да направат и прирачник како охриѓани треба да се однесуваат со туристите кои ќе доаѓаат на аеродромот на вода, како што тоа го направија со понужувачките рекламни спотови за туризмот.
Ја повикуваме Владата на Република Македонија и премиерот Никола Груевски овој аеродром да го изградат до локалните избори, што ќе им помогне да победат во Охрид со нивниот кандидат за градоначалник, во улога на жртва, кој најверојатно ќе го најдат барем 20 дена пред избори. Исто така, ги повикуваме тој аеродром, свечено да го отворат, со сечење на црвена лента како што тоа го направија со новиот автопат од Охрид до Гостивар, како што тоа го направија со фабриката за автомобили, како што тоа го направија со дупките ископани кај Плаошник, исто како и тоа кога свечено ги отвараа затворениот базен, фудбалските игралишта и спортските сали што ги изградија во Охрид во нивното 6 годишно владеење.
Очекуваме премиерот Груевски и министерот за транспорт и врски Јанакиевски да изградат писта на авиони на вода на реката Вардар, покрај бродовите кои ќе ги градат, со што ќе помогнат Охрид и Скопје да се поврзат со овој вид на сообраќај, па туристите и делегациите со официјални лица полесно ќе можат да стигнат до Охрид.
Идејата за изградба на ваков вид на аеродром сигурно е излезена од некои нови советници во Министерството за транспорт и врски, со коефициент на интелегенција поголем од 140.
Се надеваме дека конечно им стана јасно зошто толку години не можат да победат во Охрид, а тоа нема да се случи ни во наредните барем 5 години. За потоа, ќе видиме, можеби комплетно ќе се смени раководството на ДПМНЕ.