Ердоган порано се враќа од Луисвил, нема да присуствува на погребот на Мухамед Али

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој требаше да присуствува на погребот на боксерската легенда Мухамед Али во американската сојузна држава Кeнтаки, одлучил да ја скрати посетата на Луисвил, навреден од дочекот на организаторите, известуваат турските медиуми.

Според написот на интернет изданието на дневниот весник Hurriyet Daily News, организаторите на погребот на Мохамед Али, церемонијата „џеназа“ во четвртокот се одвиваше според муслиманските обичаи, одбиле да му дозволат на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да одржи говор во текот на самата погребна церемонијата во петокот.

Ердоган, според извори од неговото окружување, особено бил навреден од тоа што му било кажано дека нема да може на сандакот на славниот боксер да положи парче црна ткаенина украсена со стихови од светата муслиманска книга Коран.

Но според други извори, Ердоган и претседателот на Дијанетот Мехмет Гормез биле одбиени во барањето за читање на делови од Куранот додека трае погребот.

Инаку, Мухамед Али и неговото семејство го планирале неговиот погреб десет години, за да се осигурат дека ќе биде испочитувана неговата муслиманска вера, но и дека погребот истовремено ќе биде прилагоден на барањата на западната култура, пренесе претходно Reuters.

Турскиот претседател, во друштво на зетот Берат Албајрак, кој е министер за енергетика, присуствуваше во четвртокот на традиционалното бдеење и потоа ненадејно решил да го скрати престојот кој првично бил предвиден до петокот навечер по турско време.

Покрај тоа, телохранителите на турскиот претседател Ердоган и припадниците на американската тајна служба влегле во вербален конфликт наводно поради распоредот при заминувањето на Ердоган, објави новинската агенција Dogan.

Медиумите пишуваат и дека уште пред пристигнувањето во САД, организаторите го отстраниле името на турскиот претседател од листата говорници со образложение дека нема да има доволно време.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа