ВМРО-ДПМНЕ: Тешко на СЈО штом дојдоа до степен да зависат од СДСМ да ги брани.

Од:

Катица Јанева веројатно е свесна дека непрофесионалното, селективно и незаконско работење резултираше со очаен рејтинг и огромна осуда од граѓаните. Расфрлањето на пари од граѓаните по разни наводни експерти за да не се симнуваат од екраните образложувајќи ја неукоста, пропустите и партиското постапување како врв на правото дадоа спротивен ефект.

Дамката за непрофесионалноста на СЈО остана, а се отвори нова афера за нетранспарентно расфрлање со парите на граѓаните и исплати кон таканаречени експерти чии имиња се кријат.

За неполна година, со буџет од 4 милиони евра, СЈО дотурка до таму да мора да се потпира на одбраната од Зоран Заев и СДСМ.

Зоран Заев е единствениот политичар аболиран за криминал тежок 8 милиони евра. Заев е политичар кој изјавуваше дека за него не постои суд во Република Македонија и нема намера да одговара на судските повици. СДСМ е единствената партија водена од лице кое е спасено од одговорност за криминал од 8 милиони евра.

Затоа СДСМ се спротиставува на борбата против корупцијата и криминалот во високото образование и ги осудува институциите. Затоа СДСМ препознава свој партнер во начинот на кој што работи СЈО на чело со Катица Јанева.

Никој не е зачуден од ваквиот настап на СДСМ бидејќи треба време да се подмират долговите за ослободувањето на Верушевски и останатите од притвор, обвинети за незаконското прислушување, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ: Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ пет економии во Европа

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски