Ураганот Саломо, кој синоќа ја погоди Финска, остави над 15.000 домаќинства без струја, јави ТАСС.
Поради стихијата беше прекината бродската линија меѓу Хелсинки и Талин, а авиокомпанијата „Финер” го откажа утрешниот лет од Хелсинки до градот Кокола во северот на земјата.
Јачината на ветрот достигна на места до 15 метри во секунда, а некаде и до 20-25 метра во секунда.