Протест на судската администрација пред Министерството за правда

Од:

Судската администрација денеска протестира пред Министерството за правда барајќи средба со министерот за правда и решавање на нивното барање за зголемување на додатоците на плата за 35 проценти.

Досега, како што информира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), нема најави за средба со ресорниот министер.

Од Синдикатот вчера рекоа дека доколку не се оствари средба со министерот за правда, тогаш ќе побараат оставка од него, а за следните чекори што ќе ги преземат, ќе расправаат на состанок со сидникалните организации во судовите што ќе се одржи по одржувањето на протестот.

Судската администрација штрајкува 21 ден, а минатиот петок е одржан состанок со претставници на Судскиот буџетски совет. Вработените бараат зголемување на додатоците на плата за 35 проценти исто како што тоа е регулирано кај судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ