Екс министерот за внатрешни работо Љубе Бошкоски е ослободен. Заврши затворската казна за “Кампања“. Бошкоски требаше да излезе во понеделник, но секако му истекуваше казната и денеска со оглед дека одлежа две години од по 366 дена.
Како и што имаше намера власта, Бошкоски е пуштен без претходна најава денеска, за да не се создава гужва пред затворот од луѓето кои сакаа да го пречекуваат. Екс министерот не успеал да се поздрави со никого, само кратко време му било оставено да излезе од затворот.
Затворската управа и директорот Живко Пејковски не му дадоа ниту еден ден од трите месеци кои го следуваа Бошкоски како и сите затвореници, односно ја отслужи казната до последен ден.