ВМРО-НП: Постојниот Закон за избори е дискриминаторски во однос на малите политички партии

Од:

„ВМРО-Народна партија во период на намалена активност на партиите во решавањето на политичката криза во Р.Македонија, верува дека се создадени поволни услови за прифатлив договор помеѓу партиите, со што ќе се донесе најдоброто решение за одржување на фер и демократски избори.

ВМРО-Народна партија смета дека постојниот Закон за избори е дискриминаторски во однос на малите политички партии, заради што тие се принудени да влезат во коалиција со големите партии и притоа да ги изгубат својот партиски суверенитет и идеологија.

ВМРО-Народна партија и понатаму е цврсто убедена дека само  со измена во Законот за избори каде што Р.Македонија, наместо со 6 вештачки утврдени Изборни единици, ќе се замени со една Изборна единица, претставува најсигурен пат до вистински плуралистички состав на Парламентот, со што ќе се обезбеди трајна и широка демократизација на општеството. Заради поголема ефикасност на законот да се утврдат членови со кој нема да се предвидува однапред утврден квалификациски праг за влез во Парламентот, како и да биде изрично забрането коалицирање помеѓу партиите пред избори. Ова ќе биде силен поттик за сите помали политички партии за самостојно учество на изборите.

ВМРО-Народна партија е убедена дека наредните избори спроведени според новиот закон што го предлагаме, за Р.Македонија да биде една Изборна единица, без праг и без предизборно коалицирање, во целост ќе ги задоволи општите критериуми за фер и демократски избори, во кои јасно ќе биде изразена волјата на гласачите подеднакво на целата територија на Р.Македонија“, соопштуваат од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска