А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ: Нема инсулинска криза, инсулинот е од врвни светски производители

by А1он01/06/2016 - 16:35237
Share0

Сите инсулини што се користат во Република Македонија се од врвните светски производители и тие се во употреба во најразвиените здравствени системи во светот. Испораката на инсулини во аптеките се врши согласно препишувањата од докторите-специјалисти и целосно во согласност со Законот за здравствена заштита, како и упатствата и протоколите од оваа област, се вели во писмената реакција на Министерството за здравство на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во неа се додава дека пратеничката и СДСМ се обидуваат да креираат паника меѓу лицата со дијабетес, да создадат комплетно лажна слика за состојбата со инсулинска терапија во државата, притоа злоупотребувајќи ја, како што се посочува, оваа чувствителна група на пациенти.

– Комплетна невистина е констатацијата дека во Македонија кога било имало инсулинска криза. Количините на инсулин во сите инсулински аптеки во државата, во целост одговараат со потребите на пациентите со дијабетес мелитус за кои е потребна инсулинска терапија. Веројатно СДСМ поттикнати од сознанието како во нивно време се спроведувале тендерите за набавка на инсулини, сега непотребно шират паника и страв меѓу лицата со дијабетес, се вели во реакцијата од Министерството за здравство.

Оттаму бараат пратеничката Шахпаска да одговори дали фармацевтските компании ја финансираат оваа, како што посочуваат, негативна кампања и хајка која се води против Министерството, а на грбот на една чувствителна група пациенти – лицата со дијабетес.

Следете a1on на Youtube YouTube
zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 09:13

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Горан Наумовски30/05/2026 - 15:25

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто