Четворица работници загинаа, а десетмина други се повредени денеска при експлозија на резервоар со кислород во подземната железница во местото Намјангџу, источно од јужнокорејскиот главен град Сеул, јави Јонхап.
Според полициски извори, инцидентот се случил во време кога работниците вршеле поправки на конструкцијата на метрото.
По експлозијата дел од конструкцијата на метрото се урнал, па работниците останеле заробени на 15 метри под земја.
Во полцискиот извештај се наведува дека некои од повредените работници се наоѓаат во критична состојба.
Причините за експлозиајта засега не се познати.