Врз пакистанскиот премиер Наваз Шариф беше успешно спроведена оперција на срцето во клиника во Лондон, соопшти неговото семејство, јави ДПА.
– Шариф замина во Лондон пред повеќе од една седмица со цел да изврши медицински прегледи и докторите решија да го оперираат, изјави неговата ќерка Мериам Наваз Шериф.
– Оперецијата е успешна, премиерот наскоро ќе биде преместен на интензивна нега, напиша таа на својот Твитер профил.
Претходно Мериам соопшти дека Шариф страдал од компликации од претходната операција на срце која му била направена во 2011 година.
Шариф беше избран за премиер на Пакистан во мај 2013 година по третпат.