Вработените во јавниот сектор низ цела Белгија денеска стапија во генерален штрајк, поради што дојде до застој во железничкиот и автобускиот сообраќај, како и во работата на затворските установи, поштите, училиштата, пренесува Танјуг.
Официјалниот претставник на Белгиски железници соопшти дека железничкиот сообраќај во јужниот франкофонски валонски дел од земјата е целосно во застој, додека пак, на северот, односно во фламанското говорно подрачје функкционираат околу 40 отсто од капацитетите.
Откажани се и некои меѓународни линии од Париз до Брисел.
Освен намалување на работата, синдикатот од Брисел за денеска најави и демонстрации.
Синдикатите протестираат поради мерките на штедење усвоени од белгиската влада, коишто значат и зголемување на старосната граница за пензионирање.