Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Виена, Република Австрија, каде ќе учествува на Конгресот „90 години Пан-Европа“, во организација на Меѓународната Паневропска унија.
Претседателот Иванов ќе има обраќање на официјалното отворање на Конгресот, а во рамки на посетата ќе оствари повеќе средби, меѓу кои со претседателот на Република Австрија, Хајнц Фишер, со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, како и со претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Ален Тереноар.
Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги, а нејзините членови се залагаат за политички и економски обединета Европа.