СДСМ: Тодоров и Груевски се најголемите штетници во историјата на здравствениот систем на Р.Македонија

Од:

„Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници во историјата на здравствениот систем на Р.Македонија.

Најголемите уништувачи на здравството и здравствениот систем без нималку срам се појававуваат во јавност потценувајќи ги сите граѓани на Р. Македонија.

Со кое лице Тодоров и Груевски се појавуваат во јавноста и зборуваат за т.н. проекти?

Нивните најголеми проекти се нивните лични богатења.

Здравството во Македонија е на колена. Пациентите се незадоволни, лекарите понижени.

Граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.

Нема пари за основни потреби. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.

Клиничките болници и Здравствените домови се во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат.

Да, заминуваат лекари и тоа по 200 годишно, но заради подобар живот, а не заради подобра едукација.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита. Тодоров и Груевски ги чека одговорност за криминалните политики што однесоа во смрт многу граѓани.

Но, нема спас ни за аболицираниот Груевски, ни за неговото друштво.

Казната ќе им биде испорачана на следните фер, демократски и кредибилни избори, кога народот ќе избере нова, одговорна влада, предводена од СДСМ којашто ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство за сите, бесплатно болничко лекување и ќе се грижи за здравјето и животот на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа