Новак: ТАП нема да влијае врз планот за руски гасовод до Балканот

Од:

Проектот за Трансјадранскиот гасовод (ТАП) нема да влијае врз плановите на Русија за изградба на гасовод преку дното на Црното Море до Балканот, кој би продолжил до Грција и Италија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Како што јави ТАСС, Новак нагласи дека ТАП, кој треба да пренесува природен гас од реонот на Каспиското Море и Блискиот Исток, преку Турција, Грција, Албанија и Италија до Западна Европа, ќе биде со капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, што е незначително количество во споредба со европските потреби.

– На европските потршувачи им е потребен поголем обем на гас и диверзификација на изворите. Од тие причини дури и тој проект да биде реализиран, тоа не ја исклучува неопходноста и можноста за изградба на други гасоводи, за што веќе преговараме со нашите грчки и италијански партнери, истакна Новак.

Тој нагласи дека гасоводот преку Црното Море би доаѓал до Грција преку териториите на Бугарија или Турција.

На 17 мај беше означен стартот на изградбата на ТАП на територијата на Грција, кој ќе биде дел од Јужниот гасен коридор на ЕУ. Овој коридор треба да биде завршен во текот на 2019 или 2020 година.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија