Вкусна кремаста салата …
Потребно е:
400 гр свежи шампињони
200 гр шунка
150 гр ситна тестенина (тарана)
5 кисели краставички
200 мл кисела павлака
4 лажици масло
сол и бибер, по вкус
150 гр кашкавал
Подготовка:
– Шампињоните измијте ги убаво, исечете ги на листови и пропржете ги малку масло. Може да користите и маринирани шампињони.
– Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете убаво да се изладат.
– Киселите краставички и шунката исецкајте ги на коцкички, а кашкавалот изрендајте го на крупно ренде.
– Во еден сад ставете ги сите состојки, освен мајонезот и павлаката и убаво измешајте.
– Соединете ги павлаката и мајонезот и додадете ги кај останатите состојки. Убаво измешајте.
– Најодозгора премачкајте со малку мајонез и посипете со малку рендан кашкавал.
– Убаво изладете ја во фрижидер и послужете.