Вистински чоколадни тартуфи со неверојатен вкус …
Потребно е:
300 мл слатка павлака
300 гр црно чоколадо
100 гр чоколадо
20 гр путер
30 мл рум
изрендана кора од 1 портокал
Подготовка:
– Во сад на рингла загрејте ја слатката павлака до точка на вриење.
– Додадете ги путерот и изренданата кора од портокал и измешајте.
– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и изматете со миксер.
– На крај додадете го румот, измешајте и ставете го во фрижидер да се излади.
– Со раце земајте од смесата и обликујајте топчиња со големина на орев, а може и помали.
– Увалкајте ги во какао и повторно ставете ги во фрижидер убаво да се стегнат.